• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Генерален штрајк го парализира Буенос Аирес

Генерален штрајк го парализира Буенос Аирес

Буенос Аирес, 26 јуни 2018 (МИА) - Поради генералниот штрајк на најголемиот аргентински синдикат, најголем дел од Буенос Аирес е блокиран - јавниот транспорт, аеродромите, пристаништата, училиштата, банките и владините канцеларии не работат.

Во Аргентина, постои големо незадоволство од континуираната инфлација, порастот на трошоците, отпуштањето работниците во јавниот сектор и намалување на платите.

Генералната конфедерација на трудот почна 24-часовен штрајк против  политиката на претседателот Морис Макри.

Министерството за транспорт објави дека повеќе од 70.000 патници во воздушниот сообраќај се погодени од штрајкот. зш/08:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ