Се отвора американска економска зона во западно Косово

Се отвора американска економска зона во западно Косово

Приштина, 26 јуни 2018 (МИА) – Косовската Влада на денешната седница донесе одлука за формирање Американска економска зона во Ѓаковица, западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Премиерот Рамуш Харадинај изрази големо задоволство за официјализирањето на иницијативата, нагласувајќи дека од страна на Владата се направени потребните подготовки за почетокот на нејзината реализација.

- Посебно е за одбележување тоа што ќе уследи физибилити план, што подразбира вклучување во проектот и на американскиот УСАИД, рече Харадинај на владината седница. иа/ми/19:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ