• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

САД побараа земјите да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември

САД побараа земјите да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември

Вашингтон, 27 јуни 2018 (МИА) - САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември, доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма, изјави висок официјален претставник на САД.

- Тоа е еден од нашите главни принципи за национална безбедност. Нема да одам до таму да кажам дека дефинитивно ќе има нулта исклучоци, но нашиот став е не одобруваме исклучоци, вели претставникот на Стејт департментот, кој побарал анонимност, јавија западни медиуми.

Запрашан дали сите земји треба целосно да престанат да увезуваат нафта од Иран до 4 ноември, тој одговори потврдно.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година. паг/зш/12:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...