• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

„Берета“ заинтересирана за српските фабрики за оружје

„Берета“ заинтересирана за српските фабрики за оружје

Белград, 27 јуни 2018 (МИА) - Италијанскиот производител на оружје „Берета“  е заинтересиран за соработката со српската одбранбена индустрија, особено со компаниите „Застава оружје“ и „Први партизан“, пишува денеска „Вечерње новости“.

Како што наведува весникот, „Берета“ може да биде првиот странски партнер кој ќе инвестира во српските воени фабрики, според новиот Закон за производство и промет на оружје.

Министерството за одбрана наведува дека е неопходно да се привлече странски и домашен капитал, бидејќи Србија „и покрај сите инвестиции, нема доволно пари за инвестирање со цел да набави модерна технологија“.

- Тоа ќе ни помогне да ја обновиме и прошириме технолошката база и палетата производи. Очекуваме конкретни понуди од италијанската „Берета“, а имаме контакти и со неколку компании од Чешка, Индија и други земји, велат од Министерството за одбрана.

Во Србија со измените на Законот за производство и промет на оружје овозможено е странско вложување во државни фирми, но најмногу 49 отсто од вредноста на капиталот. паг/гт/13:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...