• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Хјундаи: Американските царини за автомобили ќе претставуваат безбедносна закана за САД

Хјундаи: Американските царини за автомобили ќе претставуваат безбедносна закана за САД

Сеул, 2 јули 2018 (МИА) - Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ предупреди дека евентуалното воведување царини за увоз на автомобили од страна на САД ќе се одрази на воениот сојуз меѓу двете држави. 
 
- Царините би биле поразителни за „Хјундаи Моторс“, соопшти компанијата, потсетувајќи дека САД имаат безбедносен интерес да одржуваат добри односи со Јужна Кореја додека се во тек преговорите за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.
 
Американскиот претседател Доналд Трамп наложи изработка на анализа за тоа дали увозот на возила во САД претставува закана за американската национална безбедност и најави воведување царини од 25 проценти за странските автомобили.
 
Автомобилите претставуваат 13 проценти од јужнокорејскиот извоз, а компаниите од оваа држава имаат свои фабрики во САД, каде произведуваат од една третина до половина од автомобилите што ги продаваат на американскиот пазар.
 
Во своето соопштение, „Хјундаи“ воедно потенцира дека тие главно произведуваат седан автомобили, а не кросовер или СУВ спортски возила, со што не се претерано голем конкурент на американските производители. паг/12:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.