• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Инфлацијата во Турција достигна највисоко ниво во јуни - 15,39 отсто

 Инфлацијата во Турција достигна највисоко ниво во јуни - 15,39 отсто

Анкара, 3 јули 2018 (МИА) - Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција.

Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво.

Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто.

Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци - 5,98 проценти. Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот - 24,26 проценти.

Предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција се одржаа на 24 јуни. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше прогласен за победник на претседателските избори. паг/14:11

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.