• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кина на ЕУ и понудила трговски сојуз против САД

Кина на ЕУ и понудила трговски сојуз против САД

Брисел, 4 јули 2018 (МИА) - Со нарушувањето на трговските преговори меѓу Кина и САД, кинеските дипломати и предложиле на Европската унија да подготват заеднички став во однос на САД, но засега немаат успех.

Според медиуми во Брисел, кинескиот премиер Лиу Хе и трговскиот преговарач Ванг Ји на своите европски колеги им предложиле заеднички настап, при што ЕУ и Кина заеднички би покренале постапка против САД пред Светската трговска организација поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум.

Но, европските земји го одбиле кинеското барање со образложение дека не сакаат да заземаат страна во трговска војна меѓу Кина и САД. Во средината на јули во Пекинг ќе се одржи самит меѓу Кина и ЕУ и кинеските власти барале тогаш да биде официјализиран договорот за партнерство. цч/12:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.