Хрватска за шест месеци ја посетиле 6,4 милиони туристи

Хрватска за шест месеци ја посетиле 6,4 милиони туристи

Загреб, 6 јули 2018 (МИА) - Хрватска во првите шест месеци од оваа година ја посетиле 6,4 милиони туристи кои оствариле 25,4 милиони ноќевања, што е за 10 до 12 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти Хрватскиот туристички одбор (ХТЗ).

Според податоците на ХТЗ, поголем дел биле странски туристи, 5,5 милиони или 12 отсто повеќе. Меѓу нив најмногу ноќевања оствариле Германците, Австријците, Словенците, Британците и Полјаците.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.