Хотелите во Турција максимално полни, нови 120 врвни хотели до крајот на годината

Хотелите во Турција максимално полни, нови 120 врвни хотели до крајот на годината

Анкара, 6 јули 2018 (МИА) - Во екот на летната туристичка сезона, хотелите во Турција работат со полн капацитет, а до крајот на годината се очекува отворање на уште 120 хотели од пет ѕвезди.

Според Хасан Ерден од Асоцијацијата на туристички агенции на Турција, се очекува вкупниот број хотели во сопственост на меѓународни брендови да достигне 627, со 3.600 нови легла. Капацитетите во летувалиштата во Турција се очекува да бидат исполнети до максимум во следните три месеци. цч/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.