• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Босна кинески играчки повлечени од продажба

Во Босна кинески играчки повлечени од продажба

Сараево, 9 јули 2018 (МИА)Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца.

Според Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, повлечени се четири модели играчки увезени од Кина, за кои е утврдено дека се хемиски ризични, бидејќи содржат отровен фталат, пишува „Независне новине“.

Станува збор за пластична играчка на дување „Пони“, играчка „Пони“, пластична кукла и кукла „Софија“.

Исто така, откриено е дека бебешка играчка увезена од Турција содржи фталат, што не е во согласност со Одлуката за ограничување на пазарот на играчки и производи за деца кои содржат фталати.

Надлежните комисии наредија сите овие производи да се повлечат од пазарот и да ги уништат. Притоа ги советуваат оние што ги купиле да престанат да ги користат. паг/12:23

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ