• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Падна цената на нафтата на светските пазари

Падна цената на нафтата на светските пазари

Лондон, 9 јули 2018 (МИА) - На светските пазари цената на нафтата минатата недела падна, по две недели раст, што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,9 отсто, на 77,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4 отсто на 73,80 долари.

Саудиска Арабија ја извести организацијата на земји извезувачи на нафта (ОПЕК) дека во јуни го зголемила производството за речиси 500.000 барели дневно, но ја намалила продажната цена на нафтата за Европа и  другите региони, што е знак дека Ријад сака да ја надомести намалената понуда од другите земји и да го стопира растот на цената. ир/паг/13:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...