• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Србија доби 5,5 милиони евра за пругата Ниш - македонска граница

Србија доби 5,5 милиони евра за пругата Ниш - македонска граница

Белград, 10 јули 2018 (МИА) - Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) ќе ја поддржи Србија со 5,5 милиони евра бесповратни средства за изработка на проектно-техничка документација за изградба на обиколница околу Ниш и модернизација на железничката пруга Ниш -Прешево - граница со Македонија, информираа денеска од српското Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура. 

Управниот одбор на  Инвестициската рамка за Западен Балкан одлуката за финансиска поддршка за подготовка на техничка документација за овие два проекти, ја има донесено на предлог на ова Министерството.

Од вкупниот износ, два милиона евра се одобрени за изработка на проектот за градежна дозвола за еднонасочна пруга околу Ниш, како дел од модернизацијата на железничката пруга на Коридорот 10 од Ниш до Димитровград.

Износот од 3,5 милиони евра доделен е за изработка на идеен проект со физибилити студија за оправданоста и проценка на влијанието врз животната средина за модернизација на пругата Ниш - Прешево - граница со Македонија. об/ми/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...