• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Турција ќе продаде 30 хеликоптери на Пакистан

Турција ќе продаде 30 хеликоптери на Пакистан

Анкара, 13 јули 2018 (МИА) - Турција ќе продаде 30 АТАК хеликоптери на Пакистан, објавија турските власти. Ова е втор договор за оружје помеѓу двете земји во последната недела.

Во купопродажниот договотр се наведува дека покрај 30 хеликоптери Т129 АТАК, Турција ќе и обезбеди пакистанската армија со логистика и обука.

Во февруари турски воени претставници изјавија дека хеликоптерите АТАК се користени за време на офанзивата во сириската курдска енклава Африн.
    
На 5 јули, тогашниот министер за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли рече дека Анкара ќе продаде четири корвети на пакистанската морнарица. паг/ми/13:49

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.