• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Албанската економија со рекорден раст од 4,45 отсто во првиот квартал

Албанската економија со рекорден раст од 4,45 отсто во првиот квартал

Тирана, 16 јули 2018 (МИА) - Бруто домашниот производ (БДП) во Албанија во првите три месеци од годинава порасна за 4,45 отсто во однос на истиот период лани, објави Албанскиот институт за статистика.

Растот на економијата главно се должи на растот во енергетскиот и индустрискиот сектор, како и на добрите резултати во трговијата, транспортот и туризмот.

Институтот за статистика посочува дека ова е најголем раст забележан во првиот квартал во изминатите шест години. Во ланскиот прв квартал БДП на Албанија порасна за 3,92 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Албанската економија минатата година имаше раст за 3,83 отсто, а оваа година Владата предвидува раст од околу 4,2 отсто.

Албанскиот министер за финансии и економија Арбен Ахмедеј на прес-конференција минатата недела изјави дека податоците за првиот квартал се „добро ветување“ оти целта за раст од 4,2 отсто во 2018 година ќе биде исполнета. паг/сп/13:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.