Кина: Средбата Путин-Трамп позитивно ќе влијае на глобално ниво

Кина: Средбата Путин-Трамп позитивно ќе влијае на глобално ниво

Пекинг, 17 јули 2018 (МИА) - Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг изјави дека Кина позитивно ја оценува вчерашната средба помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

- Големо внимание му посветивме на тој настан. Кина ја поздравува средбата помеѓу Путин и Трамп - лидери на две држави кој имаат големо влијание врз целиот свет. Се надеваме дека таквиот политички дијалог позитивно ќе се одрази на мирот и развојот на глобално ниво, посочи Хуа.

Таа додаде дека дури е можно и понатамошно приближување на ставовите меѓу Москва и Вашингтон, како и на успешно развивање на кинеско-руските пријателски врски. ми/12:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.