Акциите на Тесла се намалија поради коментар на директорот Маск

Акциите на Тесла се намалија поради коментар на директорот Маск

Сан Франциско, 18 јули 2018 (МИА) - Вредноста на акциите на американскиот производител на автомобили Тесла драстично се намали и тоа поради коментар на извршниот директор Илон Маск.

Инвеститорите во компанијата не биле воодушевени со тоа што генералниот директор на компанијата Маск го нарече британскиот спасувач, кој минатата недела учествуваше во спасувањето на децата од пештерата во Тајланд, „педо“ (алудирајќи на зборот педофил).

Акциите на Тесла се намалија за четири проценти, односно две милијарди долари, по овој коментар на Маск.

Во мај акциите на Тесла забележаа сличен пад откако Маск на прес-конференција за медиуми и инвеститори на прашањата одговараше „досадно, досадно“. јт/паг/11:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.