ММФ го потврди новиот аранжман со Србија

ММФ го потврди новиот аранжман со Србија

Белград, 19 јули 2018 (МИА) - Бордот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на седницата во Вашингтон го потврди новиот аранжман со Србија, кој ќе трае 30 месеци, т.е. до јанури 2021 година-соопштија од српското министерство за финансии.

Новиот програм за соработка преку Инструментот за координациона политика (Policy Coordination Instrument - PCI) е од советодавен карактер и не предвидува користење на финансиски средства.

Како што се наведува во соопштението, министерот за финисии Синиша Мали изјави дека новиот аранжман со ММФ укажува дека Србија има остварено добри економски резултати.

„Ова е уште еден чекор на нашиот пат на структурните реформи и е добар сигнал за инвеститорите. Важно е да ја одржиме макроекономската и финансиската стабилност, да го унапредиме стопанството, да ја зголемиме конкурентноста и да обезбедиме висок раст, бидејќи тоа значи нови работни места и подобар животен стандард“-истакна Мали.

Тој потенцираше дека главни цели на Програмата се -одржување на  јавниот долг во дефиниран опсег во однос на бруто домашниот производ (БДП), одржување на вкупниот дефицит во дефиниран опсег во однос на БДП, реформа на системот на плати во јавниот сектор, продолжеток на реформата на Даночната управа и воспоставување на мерки за намалување на времето за процесуирање на рефундацијата на ДДВ, усвојување на нов Закон за додатоци и задржување на инфлацијата во дефиниран опсег.

„Важно е да ги зајакнеме институциите и да ги напавиме поефикасни, а тука пред се мислам на модернизацијата на Даночната управа“-констатираше Мали.

На седницата на Вашингтон истакнато е дека економските перспективи на Србија остануваат стабилни-информираа од ова министерство.

PCI е нов инструмент кој ММФ го има воведено во 2017 година со цел  давање поддршка на земјите членки кои се посветени на реформите, а на кои не им е потребна финансиска поддршка на оваа меѓународна финансиска институција. об/14:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ