Украина и Турција заеднички ќе го развиваат товарниот авион Ан-188

Украина и Турција заеднички ќе го развиваат товарниот авион Ан-188

Истанбул, 20 јули 2018 (МИА) - Украина и Турција се во преговори за заедничко производство на воен товарен авион, јави весникот „Дејли Сабах“.

Според весникот, украинската компанија „Укроборонпром“ и украински „Антонов“ го планираат новиот авион Ан-188, со носивост од 50 тони.

За таа цел, се очекува турска делегација наскоро да го посети Киев и да ги комплетираат преговорите за формирање на заедничка компанија со турската авиокомпанија ТАИ. цч/сп/11:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.