Американски „Комкаст“ ќе ја купува британската телевизија „Скај“

Американски „Комкаст“ ќе ја купува британската телевизија „Скај“

Вашингтон, 20 јули 2018 (МИА) - Американскиот медиумски гигант „Комкаст“ се откажа од плановите за преземање на „Твенти фрст Сенчери Фокс“ и наместо тоа ќе се преориентира на купување на британската телевизија „Скај“.

За купување на  „Твенти фрст Сенчери Фокс“, „Комкаст“ претходно понуди 66 милијарди долари.

Со повлекувањето на „Комкаст“, се отвора патот компанијата „Волт Дизни“ да ја преземање „Твенти фрст Сенчери Фокс“ за 71 милијарда долари. паг/ми/11:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.