Рускиот капитал најдоминантен во Црна Гора

Рускиот капитал најдоминантен во Црна Гора

Подгорица, 20 јули 2018 (МИА) - Во Црна Гора најголемиот процент - 20,2 проценти од странските компании се руски, покажуваат податоците на црногорскиот Институт за статистика Монстат.

Но, и покрај толкавиот процент на руски бизнисмени, од 2015 година бројот на руски фирми постојано се намалува. Во 2013 година, 32,4 отсто од странските инвеститори биле Руси, следната година - 38,1 проценти, додека во 2015 - 32, во 2016 - 26,7 и во 2017 година - 20,2 отсто.

На второ место се српските бизнисмени - 19,1 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека поради се намалува и бројот на бизнисмени од Босна и Херцеговина, Италија, Кина и Украина.

- Од година во година забележан е раст на бројот на фирмите, сопственост на турски физички или правнии лица. Во 2017 година 8,7 проценти од вкупниот број странски инвеститори биле Турци, се посочува во анализата на Монстат.

Најголемиот број странски фирми седиште имаат во Подгорица (35 проценти), потоа следат Будва (20,7), Бар (13,6) и Херцег Нови (9,2 отсто). Во Будва, Херцег Нови и Тиват најголемиот број странски фирми се руски, а српските и италијанските компании воглавно имаат седиште во Подгорица. ми/14:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...