Во Буенос Аирес почнува средба на министри за финансии и гувернери на централни банки од Г-20

Во Буенос Аирес почнува средба на министри за финансии и гувернери на централни банки од Г-20

Буенос Аирес, 21 јули 2018 (МИА) - Во главниот град на Аргентина денеска почнува средба на министрите за финансии и гувернери на централните банки од земјите од Г-20.

Меѓу учесниците на средбата во Буенос Аирес се директорката на ММФ Кристин Лагард, претседателот на Светската банка Џим Ким, Гувернерот на Европската централна банка Марио Драги и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој Хозе Анхел Тревињо. Кина и САД ќе бидат претставени на ниво на министер, а Русија испрати заменик-министер.

Главниот состанок ќе се одржи денеска, а ќе биде посветен на ризиците и можностите во глобалната економија. Вториот состанок ќе се занимава со развојот на пазарот на трудот и финансиската инфраструктура. Овие две прашања се приоритет за Аргентинското претседателство на Г-20 оваа година.

Утре министрите и гувернерите ќе одржат неколку работни сесии, посветени на навлегувањето на технологијата во финансискиот сектор и меѓународниот даночен систем, јави ТАСС. ссм/08:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...