• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Во Бугарија годинава двојно повеќе работници од странство

Во Бугарија годинава двојно повеќе работници од странство

Софија, 23 јули 2018 (МИА) - Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Најмногу работници се ангажирани од Украина, Молдавија, Киргистан и Србија.

Странците од трети земји главно се вработуваат во бугарските хотели и угостителските објекти.

Во Бугарија просечната месечна нето плата изнесува 533 евра. паг/гт/12:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.