• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Фирма во Нов Зеланд воведува работна недела од четири дена

Фирма во Нов Зеланд воведува работна недела од четири дена

Велингтон, 23 јули 2018 (МИА) - Новозеландската фирма „Перпетуал Гардијан“ одлучи да воведе четиридневна работна недела, а вработените да ги плаќа како да работеле пет дена.

Фирмата, која се занимава со надзор, пишување тестаменти и продажба на недвижности, се одлучи на тоа откако во март и април спроведе истражување во кое 240 работници работеа четири дена во неделата, пишува „Њујорк тајмс“.

Како што се наведува, утврдено е дека вработените биле попродуктивни, а забележан е и помал степен на стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот.

Вработените изјавиле дека повеќе време минуваат со семејството, а имаат време и за вежбање, готвење и градинарство.

За време на истражувањето вработените биле покреативни, доаѓале на време на работа и не правеле долги паузи. паг/гт/12:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...