Љаиќ: Приштина воведе царини под влијание на силно бизнис лоби

Љаиќ: Приштина воведе царини под влијание на силно бизнис лоби

Белград, 23 јули 2018 (МИА) - Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љаиќ најавувајќи го за среда состанокот со министрите од Македонија и БиХ во Белград за решавање на проблемот со воведувањето на „заштитните мерки“ на Косово за увоз на одредени видови на овошје, зеленчук и пченка, изјави за ТВ Прва дека за разлика од Србија, Македонија и БиХ многу повеќе се погодени со овие мерки на Приштина.

Тој додаде дека Белград „не е матиран“ со оваа одлука, а со цел решавање на проблемот „кој е комбинација на политиката и на интересни лоби групи“, со министрите од регионот ќе и се обратат на Европската комисија.  

„Ова одлука на Приштина е под силно влијание на интересно лоби на кое ниту политичарите неможат да му се спротивстават и таа преставува континуитет на повеќе мерки кои Приштина веќе ги има превземено, а помеѓу останатото тие се однесуваат и на увозот на градежни блокови“-рече Љаиќ.

Сведоци сме на исти мерки на акцизи на увоз на брашното, кои ги издејствуваа трите најголеми млинари на Косово-кажа Љаиќ.

„Србија ќе продолжи да ја притиска Европската комисија, иако немаме премногу механизми.Министерот за трговија на Косово порача дека ги чека контра мерките бидејќи знае дека ништо не извезуваат“ посочи Љаиќ, додавајќи дека сите ќе изгубат во царинската војна.

Најголемата штета ќе ја имаат потрошувачите и купувачите на Косово-кажа Љаиќ, констатирајќи дека тој и неговиот босански колега се во право кога велат дека станува збор за „ајдутство“.

Љаиќ оцени дека со оваа одлика на Приштина се крши договорот на ЦЕФТА, како и да од секретеријатот на ЦЕФТА неможе премногу да се очекува во решавањето на проблемот. об/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ