САД со најмоќна економија во светот, БДП по жител 60.000 долари

САД со најмоќна економија во светот, БДП по жител 60.000 долари

Њујорк, 24 јули 2018 (МИА) - САД имаат технолошки најмоќна економија во светот со бруто домашен производ по жител од околу 60.000 долари, пишува хрватски „Индекс“.

Американските компании се водечки во многу области: ИТ, фармација, медицина, авио-индустрија и воена индустрија.

- Како резултат на тоа, некогаш руралната земјоделска земја стана технолошки лидер во светот. Секторот на услуги е значително зајакнат во споредба со традиционалното производство. Масовното производство е заменето со специјализирани индустрии. Флексибилната и високо квалификувана работна сила е еден од основните фактори за економскиот успех на земјата, пишува „Индекс“.

Американците силно веруваат во слободниот пазар. Економијата главно се определува од пазарните односи, односно од одлуките на приватни лица и компании.

Американските компании уживаат пофлексибилна регулаторна рамка за бизнис од поголемиот дел од остатокот од светот во однос на работните односи, финансирањето и воведувањето нови производи на пазарот. паг/гт/12:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...