• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

БРИКС: Трговската војна како доминантна на самитот што почнува в среда

БРИКС: Трговската војна како доминантна на самитот што почнува в среда

Јоханесбург, 24 јули 2018 (МИА) - Лидери на БРИКС, економии во развој во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република в среда во Јоханесбург се собираат на редовен годишен Самит на кој „трговската војна“ што ја покрена амерканскиот претседател Доналд Трамп ќе доминира во расправите.

Главна тема на 10. по ред Самит би требало да биде „Соработка со цел раст и поделба на просперитет“, но постои голем ризик трговската војна повторно да преовладува во расправите на Самитот.

Пет држави во април го осудија протекционизмот на САД поради тоа што според нив, го поткопува светскиот економски раст.

Кина поради тоа најави засилување на соработка со други држави во развој меѓу кои и од БРИКС за да се спротистави на трговскиот протекционизам.

Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека разговорите меѓу челниците за трговијата се особено важни за да се координираат позициите. 

- Се наоѓаме во момент кога САД и Кина речиси секоја недела објавуваат нови мерки. Тоа е трговска војна. Разговорите меѓу челниците за трговијата се особено важни за да може да се координираат позиците, изјави Орешкин.

Тој нагласи дека на Самитот најверојатно најмногу ќе се разговара со Кина за тоа што се случува во САД. 

БРИКС е основан во 2009 година и на тој форум се повеќе од 40 отсто од светстката популација. Една од целите е воспоставување противтежа на економските правила што ги наметнува Западот. ви/зш/11:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...