• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Хрватска одобри околу три милиони евра за проекти за Хрватите во БиХ

Хрватска одобри околу три милиони евра за проекти за Хрватите во БиХ

Загреб, 26 јули 2018 (МИА) - Хрватската Влада денеска донесе одлука за распределба на 24 милиони куни (околу 3,2 милиони евра) за финансирање различни културни, образовни, научни, здравствени и останати програми и проекти од интерес за хрватскиот народ во Босна и Херцеговина за 2018 година.  

Државниот секретар на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска, Звонко Милас истакна дека тоа е најголемиот износ што некогаш бил насочен за поддршка на Хрватите во БиХ.

- За 31 проект од областа на културата ќе бидат потрошени 5,4 милиони куни (околу 700 илјади евра), за 23 проекти од областа на образованието и науката 6 милиони куни (околу 800 илјади евра), за 16 проекти од областа на здравството 5,2 милиони куни (околу 700 илјади евра) и за 35 проекти во други области 7,3 милиони куни (околу еден милион евра), Рече Милас. паг/13:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...