Амазон со рекордна добивка за едно тримесечје од 2,5 милијарди долари

Амазон со рекордна добивка за едно тримесечје од 2,5 милијарди долари

Сиетл, 27 јули 2018 (МИА) - Технолошкиот гигант Амазон забележа рекордна добивка во второто тримесечје од 2,5 милијарди долари, речиси 12 пати поголема отколку во истиот период лани.

Според последниот извештај, продажбата на овој е-ланец достигна 52,9 милијарди долари во претходниот квартал, што е за 39 отсто повеќе од истиот период минатата година.

- Тоа беше силен квартал, а резултатите се припишуваат на продолжување на силниот раст во некои од нашите најпрофитабилни области, истакна Брајан Олсавски, финансиски директор на Амазон.

Во работењето со „клоуд“ услуги, продажбата на Амазон се зголеми за речиси 50 отсто, на годишно ниво на 6,1 милијарда долари.

Амазон, исто така, заработува повеќе од рекламирање, така што приходот на компанијата од „други категории“, што вклучува и рекламирање, е повеќе од двојно, на околу 2,2 милијарди долари. паг/гт/13:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...