• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Дизни“ презема дел од „Фокс“ за 71,3 милијарди долари

„Дизни“ презема дел од „Фокс“ за 71,3 милијарди долари

Њујорк, 30 јули 2018 (МИА) - Акционерите на компанијата „Фокс“ („Twenty-First Century Fox“) ја одобрија продажбата на делот за забава на компанијата „Дизни“ за 71,3 милијарди долари.

Со тоа во сопственост на „Дизни“ ќе припадне и франшизите на Икс-мен (X-Men) и Осветници (Avengers).

Преговорите почнаа во декември 2017 година, кога „Дизни“ ја даде првата понуда за дел од медиумскиот конгломерат на Руперт Мердок и започна лицитациска војна со „Комкаст“, кој минатата недела се откажа за да се фокусира на купувањето на европскиот телевизиски оператор Скај.

Дизни продукција

Купувањето на „Фокс“ ќе му помогне на „Дизни“ да се натпреварува со компании како што се „Амазон“ и „Нетфликс“.

Конечниот договор нема да биде склучен уште неколку месеци, бидејќи е потребно одобрение од регулаторните тела. паг/сп/12:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ