Во Хрватска блокирани околу 23.000 деловни субјекти со долг од 1,6 милијарди евра

Во Хрватска блокирани околу 23.000 деловни субјекти со долг од 1,6 милијарди евра

Загреб, 30 јули 2018 (МИА) - Според податоците на хрватската Финансиска агенција (ФИНА), кон крајот на јуни во Хрватска биле блокирани вкупно 23.159 деловни субјекти со вкупен долг од 12,29 милијарди куни (1,66 милијарди евра).

Од вкупниот број блокирани субјекти, 8.078 се правни лица, а 15.081 се физички лица.

Над една третина од блокираните субјекти или 35,2 проценти се наоѓаат на територијата на Загреб. паг/сп/10:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.