Самсунг со најниска стапка на раст

Самсунг со најниска стапка на раст

Сеул, 31 јули 2018 (МИА) - Корејскиот електронски гигант Самсунг денеска објави дека имал најниска стапка на раст во изминатата година, пред се поради релативно слабата продажба на моделот Галакси С9.

Профитот од мобилните телефони се намалил за дури 34 проценти во вториот квартал од годината.

Главната причина за проблемите на Самсунг се гледа во конкурентноста на поевтините кинески мобилни телефони. цч/паг/11:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.