• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Стејт департмент: Албанија е место каде тешко се води бизнис

Стејт департмент: Албанија е место каде тешко се води бизнис

Тирана, 31 јули 2018 (МИА) - Американскиот Стејт департмент во својот извештај за инвестициската клима во Албанија за 2018 година изразува загриженост во врска со корупцијата и нетранспарентноста на тендерите.

Во извештајот се наведува дека Албанија се смета за место каде е тешко да се води бизнис и каде се фаворизираат компании поврзани со политиката.

Со загриженост се известува и за проектите за јавно приватно партнерство кои се проценува дека имаат ограничена конкуренција и оти нема анализа за нивните трошоци и добивки.

Сопственоста на имот е уште еден проблем на што се жалат странските инвеститори, се додава во извештајот.

Како проблеми со кои и натаму се соочуваат, странските инвеститори ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и слабото спроведување на договорите.

- Во 2016 година, албанската Влада усвои сеопфатни уставни измени за реформа на судскиот систем во земјата и подобрување на владеењето на правото. Имплементација на судските реформи е во тек, вклучувајќи и проверка на судии и обвинители за необјаснето богатство, но странските инвеститори гледаат на климата за инвестирање како проблем и велат дека Албанија и натаму останува тешко место за водење бизнис, стои во извештајот.

Во него исто така се наведува дека енергијата, туризмот, водоводите и канализацијата, патиштата и железницата, рударството и информатичката технологија претставуваат најдобра перспектива за директни странски инвестиции во Албанија во следните години.

Индексот за перцепција на корупција на Транспаренси интернешнал за 2017 година ја рангираше Албанија на 91 место од 180 земји, што е пад од осум места споредено со претходната година. Како таква, Албанија се смета за втора најкорумпирана земја во Западен Балкан. вт/сп/13:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...