• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Даночна управа на Србија: Естрадните менаџери први на списокот за плаќање даноци

Даночна управа на Србија: Естрадните менаџери први на списокот за плаќање даноци

Белград, 3 ацгуст 2018 (МИА) - Естрадните менаџери во Србија се први на списокот за плаќање даноци и должни се до понеделник да достават договори за своите приходи, објави даночната управа на Србија.

- По основа естрадни програми за забавна и народна музика и други забавни програми, должни се да достават пријава и известување до 5-ти во месецот за договори склучени во претходниот период, порачуваат од даночната управа.

Со оглед на тоа дека 5 август е недела, крајниот рок ќе биде понеделник - 6 август.

Познатите менаџери кои работат на естрадата со години и имаат свои фирми преку кои регуларно плаќаат данок се согласни дека овој сектор треба да се „прочешла“ за да се запре трендот на „плаќање на рака“. јт/паг/11:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.