За една година Икеа во Србија ја посетиле два милиона граѓани

За една година Икеа во Србија ја посетиле два милиона граѓани

Белград, 10 август 2018 (МИА) - Речиси два милиона граѓани ја посетија продавницата на Икеа во Србија за една година откако е отворена, соопшти денеска компанијата.

Меѓу најпродаваните производи на Икеа во Србија се издвојуваат  еколошко ефикасните ЛЕД светилки, од кои се продадени 206.140 парчиња.

На тој начин граѓаните на Србија, како што наведуваат од компанијата,  заштедиле 46.870.305 киловат часови.

Во продавницата на Икеа, во местото Бубањ поток, во близина на Белград, која беше отворена на денешен ден минатата година на површина од 35.000 метри квадратни, се вложени 70 милиони евра. паг/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ