„Убер“ и „Лифт“ една година без такси дозвола

„Убер“ и „Лифт“ една година без такси дозвола

Њујорк, 10 август 2018 (МИА) - Градските власти во Њујорк одлучија наредната година да не издаваат дозволи за такси услуги по принципот „споделување бизнис“, што најмногу ќе ги погоди компаниите како што се „Убер“ и „Лифт“.

Њујорк е првиот голем град во САД кој воведе такво ограничување и тоа во рамки на пакетот мерки кој вклучува и утврдување на минимална плата за возачите.

Целта на одлуката е да се намалат сообраќајните метежи и да се зголемат платите на таксистите, чии приходи паднаа, меѓу другото и  поради конкуренцијата од „Убер“ и „Лифт“. паг/12:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ