• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Рекордно зголемување на нивото на проблематични кредити во кинеските банки

Рекордно зголемување на нивото на проблематични кредити во кинеските банки

Пекинг, 15 август 2018 (МИА) - Нивото на проблематични кредити во кинеските банки рекордно се зголеми во претходниот квартал.

Тоа би можело да ги загрози напорите на кинеските власти да ги охрабрат банките на поголемо кредитирање, оценува њујоршката агенција Блумберг.

Проблематичните кредити се зголемија за 183 милијарди јуани (26,6 милијарди долари), за кон крајот на јуни да достигнат цифра од 1.960 милијарди јуани, што е најголем квартален шок за повеќе од една деценија, соопшти кинеската Регулаторна комисија за банкарство и осигурување.

Кинеската економија, вредна 12.000 милијарди долари, бележи забавување, а САД се закануваат со нови тарифи на кинеската стока.

Кинеската Централна банка сака да ги поттикне банките повеќе да даваат заеми, поради што, меѓу другото, ги олесни прописите за нивната обврзна резерва. гт/12:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ