• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

САД: Не сме одговорни за економските проблеми во Турција

САД: Не сме одговорни за економските проблеми во Турција

Вашингтон, 15 август 2018 (МИА) - Американската Администрација отфрли каква и да било одговорност за економските проблеми на Турција, нагласувајќи дека кризата во земјата го надминува опсегот на санкциите што ги воведе Вашингтон, јави ДПА.

- Економските проблеми не започнаа откако ние воведовме санкции кон две лица на 1 август оваа година, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

САД на 1 август воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на одбивањето на Турција да го ослободи од притвор американскиот пастор Ендрју Брансон. Тензиите меѓу Вашингтон и Анкара, резултираа со намалување на вредноста на турската лира, која забележа дополнителен пад по одлуката на Вашингтон за зголемување на царините за увоз во САД на челик и алуминиум од Турција.  

 

Нојерт нагласи дека сите економисти се согласуваат оти тоа што се случува во Турција е „далеку надвор од опсегот на политиките и механизмите“ што во изминатиот период САД ги презедоа кон Анкара. сп/11:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.