• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Критики за тајната забава на вработените на пропаднатата банка Лиман Брадерс

Критики за тајната забава на вработените на пропаднатата банка Лиман Брадерс

Лондон, 20 август 2018 (МИА) - Стотици поранешни банкари од пропаднатиот гигант Лиман Брадерс планираат да одржат средба во Лондон на 15 септември - односно на десет годишнината од пропаста на банката која ја предизвика светската финансиска криза во 2008 година.

Досега над 200 поранешни вработени во банката, пред се од пониските ешалони, го потврдиле своето присуство на забавата во клубот Кондуит, која се организира дискретно, преку имејл покани. Медиумите сепак дознаа за планот, а британската Лабуристичка партија денеска го критикуваше планот да се одбележи пропаста на банката како „болен“.

Лиман Брадерс, финансиска институција стара над 150 години, своевремено беше четврта најголема инвестициска банка во САД. Во 2008 година таа го означи почетокот на финансиската криза кога, поради прекумерното инвестирање во нестабилниот пазар на недвижности, банката колабираше во рок од неколку месеци. За разлика од другите големи банки во САД, кои исто така беа изложени на пазарот на недвижности, Лиман Брадерс не беше спасена од страна на федералната Влада, туку беше оставена да банкротира. цч/15:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...