• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

САД постигнале начелна согласност со Мексико за трговскиот договор НАФТА

САД постигнале начелна согласност со Мексико за трговскиот договор НАФТА

Вашингтон, 22 август 2018 (МИА) - Американската администрација планира утре да ја претстави спогодбата со Мексико што беше постигната за измени во трговскиот договор НАФТА.

Според Политико, САД и Мексико постигнале начелен договор, по што се очекува да се побара приклучување и на Канада кон тој договор.

Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на својата кампања најавуваше сериозни промени во НАФТА, а доколку не дојде до нив, напуштање на договорот со кој се регулира трговијата меѓу САД, Мексико и Канада и со кој северно-американскиот континент стана една од најголемите трговски зони во светот.

НАФТА стапи на сила во 1994 година, а американските синдикати го обвинуваат договорот за префрлање на работни места во Мексико. цч/зш/07:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.