• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Новата валута на Венецуела загуби 96 проценти од вредноста преку ноќ

Новата валута на Венецуела загуби 96 проценти од вредноста преку ноќ

Каракас, 22 август 2018 (МИА) - Централната банка на Венецуела вчера го објави новиот курс на валутата, според кој боливарот загубил дури 96 проценти од својата вредност во однос на доларот во рок од само еден ден.

Во обид да се справи со повеќегодишната криза, банката на Венецуела избриша пет нули од валутата и го постави курсот на 2,48 боливари за еден долар, но преку ноќ новата валута, наречена „суверен боливар“, падна на 68,65 за долар. Кон состојбата придонесоа и ограничувањата на повлекувањето пари од банките, при што секој граѓанин може да подигне само 10 од новите боливари.

Во обид да се справи со кризата која произлезе од социјалистичките реформи на поранешниот претседател Хуго Чавез, Венецуела воедно најави дека „суверениот боливар“ ќе биде поврзан со нова крипто валута наречена петро, чија вредност, пак, ќе зависи од нафтените резерви на Венецуела.

Петрото се нуди по номинална вредност од 60 долари за еден петро, но САД забранија тргување со оваа крипто валута, а се уште е нејасно како таа ќе биде прифатена на светскиот пазар. цч/зш/08:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ