• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Албанија бележи зголемен извоз, а намален увоз

Албанија бележи зголемен извоз, а намален увоз

Тирана, 22 август 2018 (МИА) - Во периодот јануари-јули забележани се позитивни економски показатели во албанската економија, бидејќи извозот се зголемил за 16,8 отсто додека увозот пораснал за само 4,8 отсто, што доведе до намалување на трговскиот дефицит за пет отсто споредено со истиот период минатата година.

Според државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) земјата најмногу тргувала со Шпанија, Косово и Италија, додека трговската размена бележи пад со  Кина и Турција.

Во месец јули забележан е раст во извозот, кој достигнал вредност од 27 милијарди леки. Споредено со истиот месец лани извозот пораснал за 7,9 отсто, а за 0,2 отсто е поголем и споредено со месец јуни годинава.

Во седумте месеци од годинава Албанија извезувала градежни матерјали, метали, руда, запалливи средства, електрична енергија и текстил, а увезувала најмногу машинерија а на почетокот од годинава електрична енергија, поради неповолната хидрологија во тој период.

Од извештајот на ИНСТАТ индикативен е фактот што зголемен е извозот кон Шпанија, Косово и Италија, како и тоа што Албанија го намалила увозот од Кина,Турција и Украина.

Од вкупниот извоз 77,2 отсто отпаѓа на извозот кон земјите од Европската унија, додека увозот од земјите на ЕУ изнесува  62,1 проценти. вт/ми/14:36

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...