• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Кинескиот гигант „Зиџин“ избран за стратешки партнер на РТБ „Бор“

Кинескиот гигант „Зиџин“ избран за стратешки партнер на РТБ „Бор“

Белград, 31 август 2018 (МИА) - Кинеската компанија „Зиџин Мининг Груп“ е избрана за стратешки партнер на Рударско-топилничкиот басен „Бор“, изјави денеска министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ на прес-конференција во Владата.

Антиќ наведе дека оваа кинеска компанија доставила најдобра понуда, нудејќи обврзувачки бизнис план во износ од една милијарда и 260 милиони долари, со 350 милиони задолжителни за докапитализација.

Компанијата се обврза да задржи 5.000 работни места, како и да обезбеди 200 милиони долари за решавање на историските долгови.

- РТБ ќе биде ослободен од сите долгови, првпат компанијата ќе биде без долгови, никогаш досега тоа не се случило, рече Антиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна изјави дека изборот на стратешки партнер за РТБ „Бор“ ќе има огромно значење не само за „Бор“, туку и за цела Србија, како и тоа дека станува збор за огромна инвестиција што ќе значи препородување за целата околина на Бор. 

„Зиџинг“ во девет земји вработува 17.500 работници, а минатата година компанијата беше рангирана на 22. место на највредни рударски компании во светот.

Годишниот приход на компанијата изнесува 10 милијарди евра, додека нето добивката достигнува повеќе од 230 милиони евра.

Компанијата „Зиџин“ е еден од најголемите производители на злато во Кина, а втора по големина за производство на бакарна руда. паг/ми/12:27

###

       

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...