Акциите на Тесла паднаа откако Илон Маск запали џоинт

Акциите на Тесла паднаа откако Илон Маск запали џоинт

Сан Франциско, 7 септември 2018 (МИА) - Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт.

Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери. Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел од САД. Маск рече дека ретко пуши марихуана и речиси и да не забележува ефект од неа, но е лоша за неговата продуктивност.

Основачот на Тесла веќе подолго време е под лупа на јавноста поради необичните изјави и јавни настапи со кои предизвика повеќе потреси во цената на акциите на неговата компанија. цч/ссм/18:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.