Аеродромот во Атланта најпрометен во светот

Аеродромот во Атланта најпрометен во светот

Лондон, 11 септември 2018 (МИА) - Најпрометен аеродром во светот е Хартсфилд-Џексон во Атланта, со 104 милиони патници годишно.

Аеродромот во Атланта веќе неколку години е водечки по бројот на патници во светот, покажува најновото истражување за најпрометни аеродроми.

Втор е аеродромот во Пекинг, низ кој минатата година поминале 95,8 милиони патници, а трет тој во Дубаи со 88,2 милиона.

Според истажувањето, следи токискиот аеродром Ханеда со 85,4 милиони и аеродромот во Лос Анџелес со 84,6 милиони. Потоа се аеродромите во Чикаго и Лондон.

Во Европа најпрометен е Хитроу во Лондон со 78 милиони патници, што на светско ниво го става на седмото место.

Оваа состојба наскоро би можела да се смени бидејќи во светот се градат неколку мега аеродроми, како во Пекинг и Истанбул, кои ќе имаат капацитет да примат многу повеќе патници. паг/сп/13:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...