• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во прекин сообраќајот на патот Штип-Радовиш

Во прекин сообраќајот на патот Штип-Радовиш

Скопје, 28 ноември 2016 (МИА) - Поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на патот Штип-Радовиш кај местото викано „Пилаф Тепе“, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, а слаб снег провејува во Смојмирово, Делчево, Крива Паланка, Страцин, Маврово, Стража, Ѓавато и на Плетвар, но не се задржува на коловоз.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини  од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите. вј/ев/18:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.