• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Железничкиот сообраќај во целосен прекин

Железничкиот сообраќај во целосен прекин

Скопје, 12 декември 2017 (МИА) - Железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт кои бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата.

По блокадата на товарниот железнички транспорт што почна вчера наутро, од ноќеска на полноќ не  сообраќаат ниту патничките возови. 

- Тргнат е само утринскиот воз од Скопје за Гевгелија, од вработен што не го испочитува договореното, а на останатите релации не се одвива сообраќајот, изјави за МИА Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт.

Чакаровски вели дека протестот со блокада на сообраќајот ќе трае до исполнување на нивното барање. Како што тврди, од Владата им било речено дека ќе има средба, но првин да се нормализира сообраќајот што, за нив не било прифатливо.

Според изјавите на вработените вклучени во прекинот на железничкиот сообраќај, зад протестот не стојат синдикалните организации.  

Менаџментот на МЖ Транспорт вчера преку соопштение информираше за прекинот на сообраќајот, истовремено соопштувајќи дека се работи на нормализирање на товарниот и патничкиот сообраќај. лв/бак/08:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...