На ГП Богородица се чека до 20 минути

На ГП Богородица се чека до 20 минути

Гевгелија, 29 јули 2018 (МИА) - На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин. 

На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица. 

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. им/ев/13:38

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ