• A-
  • A
  • A+
недела, 23 септември 2018, 

На Евозни за влез во Македонија се чека најмалку половина час

На Евозни за влез во Македонија се чека најмалку половина час

Гевгелија, 29 јули 2018 (МИА) - Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони - Богородица, на грчка страна, за влез во Македонија. На преминот има километарска колона возила кои чекаат да влезат во земјава и да го продолжат патувањето, информираат за МИА македонски граѓани. 

Од македонска страна, пак, на ГП Богородица, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин. 

На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица. 

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. им/ев/13:38

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ