• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Изграден регионален пат Ранковце – село Крилатица, Кратовско

Изграден регионален пат Ранковце – село Крилатица, Кратовско

Ранковце, 30 јули 2018, (МИА) - Средства во висина од околу 40 милиони денари од јавното претпријатие Државни патишта на Македонија се инвестирани во изградбата нановиот регионален пат, меѓуопштинскиот пат Ранковце - село Крилатица, општина Кратово.

Градоначалникот на општина Pанковце, Ивица Тошевски, информира дека патот е со вкупна должина од шест километри, од кои 4 се на подрачјето на Ранковце.

- Патот е завршен и веќе е во функција. Тој е во должина од шест километри и широчина од четири метри. Патот ги поврзува општина Ранковце- центар- маала Бабунци-село Ветуница до село Крилатица во Кратовско, со што скратен е значително патот кој досега жителите на двете општини го минуваа преку месноста Чатал, кај Страцин. Направени се и дополнителни пет километри тампониран пат, истакна Тошевски.

Патот е особено фреквентен во време на пазарните денови во двете општини, кога жителите ги пласираат земјоделските производи на пазарите.

- Овој регионален пат најмногу го користат жителите и трговци од Ранковце и околните села, како и на кратовските села Османци, Трновац и Крилатица. Намалени се и времето за патување и трошоците на граѓаните, бидејќи нема потреба од заобиколување, како претходно преку Чатал. Oлеснет е и сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка, додаде Тошевски. ид/сст/13:28

фото МИА архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...