Препораки за безбедно возење во услови на градежни активности на патиштата

Препораки за безбедно возење во услови на градежни активности на патиштата

Скопје, 1 август 2018 (МИА) - Пренасочувањето на сообраќајот и заобиколувањето на главните патни правци предизвикани од изградба или реконструкција на патиштата можат да го загрозат безбедното одвивање на сообраќајот. Исто така, во опасност може да биде доведен и животот на градежните работници, возачите, патниците, пешаците велосипедистите, предупредува Републички совет за безбедноста во сообраќајот.

Истражувањата на релевантните меѓународни организации покажуваат дека главни причини за предизвикување сообраќајни незгоди со настрадани лица во градежните зони на патиштата  се:  брзо возење,  несоодветно објавување знаци од градежните работници,  несоодветно поставени сообраќајни знаци, несоодветно  осветлување на градежните зони  и др.

РСБСП ги советува возачите пред секое патување на подолга дестинација  задолжително да се информираат за состојбата на патиштата и евентуалните прекини на сообраќајот, а доколку е можно избегнуваат тие патни делници.

-Доколку патуваат  на пат кој е означен  како работна зона   да ја намалет брзината, да ја следат времено поставената сообраќајна сигнализација и да предвидат дополнително време за патувањето.

-Бидете внимателни и секогаш подготвени „очекувајте го неочекуваното”.  Возењето во градежни зони на отворени патишта носи зголемен ризик и потребна е поголема концентрација  и фокусираност.  Внимавајте на градежните работници, на градежните-работни машини и на работните материјали што може да се најдат во близина на коловозната лента, истакнува РССБП.

Како што наведуваат, возачите,  за жал, многу често возат до последната секунда и до последниот метар во сообраќајни ленти  кои се затвораат и тоа со поголема брзина  и потоа се обидуваат веднаш и  принудно да се вклучат во другата сообраќајна лента. Доколку  другиот возач не им дозволи или не е во можност да им дозволи да преминат од една во друга сообраќајната лента доаѓа до сообраќајна незгода или пак влегување со возилото  во градежната–работна зона и на тој начин  се  загрозува  животот на градежните  работници.

- Користете ги навремено трепкачите за покажување на правец на движење секогаш кога преминувате од една во друга сообраќајна лента,  а посебно кога возите во градежна зона каде сообраќајот нема редовен тек и редовна и нормална фрекфенција. Држете безбедно растојание помеѓу возилата и имајте на ум дека возачот пред вас би можел во секој момент нагло да го запре своето возило. Возете во колона, не престигнувајте не прописно,  не возете слалом и не пристигнувајте колона од возила, советува РСБСП и укажува дека нестабилното време и честата појава на дожд и ветер дополнително го отежнува возењето во работните – градежни зони на патиштата поради појавата на прашина и намалена видливост,  кал, нерамни коловозни површини па дури и посериозни оштетувања на алтернативните коловозни ленти  како  дупки, камења, итн..

Возачите, истакнува РСБСП, треба да бидат трпеливи.  Иако градежните зони  се обележани како области, како што стои во препораките, возачите мора да ја намалат брзината  и да возат со голема претпазливост.лв/сд/12:24

###






Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ